Македонија 22. август 2019. / 21:00

Ангеловска ќе биде нов министер за финансии, Заев ги соопшти имињата и на другите назначувања

Ангеловска ќе биде нов министер за финансии, Заев ги соопшти имињата и на другите назначувања

Премиерот Зоран Заев по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ соопшти дека утре до Собранието ќе достави предлог за нов министер за финансии. За оваа позиција е предложена Нина Ангеловска.

Премиерот ќе ја предложи и Елизабета Наумовска за нов заменик министер за образование, Кирил Колемишоски за нов министер за економија и Неџат Мехмедовиќ за заменик министер во министерството за политики систем.

Заев рече дека со ваквиот предлог се испраќа порака дека „младите треба да се ангажираат, да се борат, да се образуваат затоа што високите позиции се достапни за сите“.

На Централниот одбор избрани се пет партиски потпретседатели: Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.