Македонија 31. јули 2018. / 12:04

Американски „тешкаш“ доаѓа за референдумот – Заев ќе го повлече законот кој го донесе вчера?

Американски „тешкаш“ доаѓа за референдумот – Заев ќе го повлече законот кој го донесе вчера?

Телевизија Алфа ексклузивно дознава дека во среда во посета на Македонија доаѓа Метју Палмер, висок претставник на американскиот Стејт Департмент

Веста за доаѓањето на Палмер за Алфа ТВ ја потврдуваат дипломатски кругови во Скопје.

Се очекува Палмер во Скопје да се обиде да помогне при изнаоѓање решение за политичката криза околу референдумот за Преспанскиот договор.

Едно од прашањата кои што се разгледуваат во овој правец е варијантата во која Владата би предложила ново референдумско прашање, различно од тоа што го предложи и изгласа владеачката коалиција.

Изворите на Алфа ТВ велат дека посетата на Палмер е дел од дипломатскиот напор во кој западните партнери на Македонија бараат начин да се намали можноста за бојкот на референдумот кој станува се поизвесен.

Метју Палмер е искусен дипломат професионалец во американскиот Стејт Департмент кој моментално е Директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа и одгоцорен за интеграција на кандидатите за членство во НАТО и ЕУ.

Бил близок соработник на екс американската државна секретарка Медлин Олбрајт а го советувал и претседателот Буш Јуниор.

Лани по инаугурацијата на претседателот Трамп, Палмер кој извесен период минал како советник во амбасадата во Белград, изјави дека не верува дека политиката на САД на Балканот ќе се промени и дека Вашингтон останува посветен на регионот и на помошта за Балканот во европските интеграции.