Македонија 15. јуни 2020. / 12:36

Амбасадорите го притискаат СДСМ да ги прифати условите на Мицкоски!

Амбасадорите го притискаат СДСМ да ги прифати условите на Мицкоски!

Дипломатите интензивно работат на вразумување на власта во однос на одржувањето на парламентарните избори.

Високо позиционирани извори од дипломатскиот кор, за Лидер брифираат дека неколку претставници на меѓународниот фактор, во последните два дена вршат интензивен притисок кон СДСМ и Зоран Заев да ги прифатат условите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски изборите да се одложат се до моментот кога во земјава ќе биде воспоставена мисијата на ОБСЕ и ОДИХР.

– Дел од раководството на СДСМ ги прифаќа барањата на амбасадорите со кои практилно се бара датумот за избори да биде дефиниран за моментот кога ќе има подобрување на ситуацијата со корона вирусот и воспоставување на меѓународни набљудувачи. Сепак, лидерот на партијата Зоран Заев, соочен со уште едно погазување на својот збор, сака да се инаети, вели нашиот извор.

Сепак, како што дознаваме, дипломатите чив идентитет и е познат на редакцијата, на Заев му ги предочиле последиците со кои може да се соочи доколку не ги исполни барањата.