Македонија 31. август 2019. / 15:24

Александар Сорос на Твитер: Одлично поминато време со премиерот Заев, разговаравме за неискористениот економски потенцијал

Александар Сорос на Твитер: Одлично поминато време со премиерот Заев, разговаравме за неискористениот економски потенцијал

Синот на Џорџ Сорос, Александар Сорос на Твитер објави фотографија со премиерот Зоран Заев.

Одлично поминато време со премиерот Заев, разговаравме за неискористениот економски потенцијал на Северна Македонија и за зајакнување на регионалната соработка во корист на сите граѓани на Северна Македонија – напиша тој во описот на фотографијата.

Неколку дена претходно остварил средба и со претседателот Пендаровски.