Премиерот Зоран Заев повика на лидерска средба, која би се одржала во петок во Клубот на пратениците.
Засега присуство најави лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, додека ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори, а потоа може да се зборува и за други теми, како пописот, изборен законик или закон за СЈО. Конечната одлука дали ќе одат на лидерската ќе ја донесе партиското раководство.
Премиерот, сепак, изрази надеж дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на лидерската средба за која како теми ги предложи нов Изборен законик, закон за јавно обвинителство во кој би се регулирал и консензус за пописот.
Инаку лидерска средба беше повикана кога беше соопштено дека неотповиклива оставка поднела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.