Штипјанец на возраст од околу 55 години е 11 жртва во корона вирусот од Штип. Тој во Градската oпшта болница во „8 Септември“ во Скопје бил примен пред неколку дена со други здравствени проблеми, а тестот покажал дека сепак е позитивен на вирусот.
Починатиот штипјанец бил вработен во Општина Штип и подолг период не бил на работа. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека досега се пристигнати позитивни резултати за 22 лица од Штип, од кои пет се работници од приватниот скрининг на штипската конфекција.
Во тек се епидемиолошките анкети со остантите лица, на кои резултатите денеска им се пристигнати, по што ќе се утврди како се заразиле, односно дали се од постојните фабрички кластери или се контакти на веќе заразените – вели Димитрова.
Неколку конфекции во текот на денот им најавиле дека ќе ги затворат погоните со цел да не се шири вирусот.