Македонија 08. октомври 2019. / 10:09

360 Степени: Нема членство за Македонија на НАТО самитот во Лондон

360 Степени: Нема членство за Македонија на НАТО самитот во Лондон

Се поизвесно е дека членството на Северна Македонија во НАТО нема да се официјализира на Самитот закажан за 3 и 4 декември во Лондон, објави „360 Степени“

Надежите што техничкиот премиер на Шпанија, Педро Санчез, му ги пренел на премиерот Зоран Заев во Њујорк – дека парламентот во Мадрид би можел да го ратификува пристапниот протокол до Самитот на НАТО, најверојатно паѓаат во вода, за што зборува и шпанскиот аналитичар Мигуел Родригез Андреу.

Шпанија оди на предвремени избори на 10 ноември, објави „360 Степени“.

Шпанија го поддржува пристапувањето на С. Македонија во НАТО и најверојатно оптимизмот на шпанскиот премиер е поврзан со тоа и фактот дека Санчез смета дека ќе победи на изборите. Но, политичкото сценарио во Шпанија ја прави малку веројатна ратификацијата пред декември, вели аналитичарот Мигуел Родригез Андреу.