По изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев, дека Илинденското востание е македонско, утринава му се јавил неговиот бугарски колега Бојко Борисов за да му каже дека неговата изјава се користи во Бугарија во политички цели и дека него, заради тоа, го напаѓа и опозицијата, објавува бугарскиот портал „24 часа“ повикувајќи се на добро информирани извори.
После тоа, пишува „24 часа“, Заев се извини на бугарскиот народ преку Фејсбук.