Македонија 01. февруари 2020. / 12:30

Мицкоски: Заев сака закон за обвинителство за да се спаси од одговорност

Мицкоски: Заев сака закон за обвинителство за да се спаси од одговорност

Еден од приоритетите на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски е суштинската борба против корупција и додава дека затоа биле и сериозните забелешки за законот за јавно обвинителство, за чие незгласување вината ја префрла на власта, посочувајчи дека овој закон е да се продолжи уривањето на правниот систем кој сака да го прави Заев.

Тој во интервју за Прес24 вели дека Законот за Јавното обвинителство е проитвуставен, во спротивност со кривичниот закон и не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, и ќе значи само продолжување на легализираниот криминал на СЈО во формата на ОЈО.

– Не сакам да бидам премиер кој ќе ги дознава предвреме судските одлуки како Заев само затоа што ги нарачувал. Нарачки нема да поминат. Не сакам моите соработници да се заштитена каста за која нема да важат законите. Одговороста мора да почне од највисоките носители на власта. Разработуваме прецизна стратегија за борба против коруцијата и криминалот, потенцира Мицкоски.