Вечерва гостин во „Без компас“ со Марко и Бомбакис беше Ивана Кнез, моден дизајнер или како што беше најавена – дама од светот на модата.
Таа за слушателите на Радио Лидер, првпат јавно откри од каде презимето Кнез.
„Ме утнаа во пасош пред 15 години. По татко сум Кнезиќ. На нашата администрација пред 15 години многу и беше тешко да го спелува тоа“, појасни Ивана.
Таа дури и во еден момент на аеродром завршила сама затоа што на различни начини и било запишано презимето на визата, во пасошот и на другите документи.
Погледнете го целото интервју.