Откако избувна пандемијата со корона вирус, на социјалните мрежи често можеме да видиме како на сметка на тоа се прават шеги. Една госпоѓа, гостувајќи на телевизиска емисија, ги посоветува младите како треба да водат сметка за да не дојде до ширење на заразата, а со тоа предизвика бурни реакции и коментари и надвор од Србија.
– Ако дуваат џоинт, ги замолувам секој да си го зема својот, а не да врти во круг, изјави таа, по што следува смеа на гледачот, кој ја забележал снимката од нејзината изјава.
Svaki svoj uzmite joint ??? pic.twitter.com/MzPCiXLUtj
— Marti Misterija (@RMartinovic) March 26, 2020
Изјавата изнуди бројни коментари, дел негативни и позитивни. Многумина ова го сметаат како „светла ѕвезда“ во морето од негативни вести од почетокот на пандемијата со корона вирус.