Магазин 31. декември 2020. / 13:46

(ВИДЕО) Еве што му посака Мицкоски на Заев за Нова Година!

(ВИДЕО) Еве што му посака Мицкоски на Заев за Нова Година!

Денеска на отворената новогодишна програма на „Радио Лидер“ го вклучивме и лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

Мицкоски на Заев пред сѐ му посака добро здравје за него и неговото семејство. Според Мицкоски Заев треба да е и помотивиран да ги брани и интересите на граѓаните, барем додека е на власт.

Мискоски на граѓаните им посака среќа во наредната година и ги замоли да не ги кодошат своите соседи на властите за новогодишната ноќ.

Лидер ФМ се обиде да стапи во контакт и со премиерот Заев, но тој не одговори на нашиот повик.