Магазин 16. февруари 2021. / 21:09

(ВИДЕО) Еруптираше вулканот Етна – Лава на сите страни!

(ВИДЕО) Еруптираше вулканот Етна – Лава на сите страни!
архива

Според италијанските медиуми, релативно новиот кратер на југоисточната падина на вулканот исфрлил „спорадични рафали“ од лава и пепел.

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, што се наоѓа на италијанскиот остров Сицилија, еруптираше и исфрли големи количества лава, чад и пепел од неговиот југоисточен кратер.

Според фотографиите и видеата на социјалните мрежи, лавата се шири во сите правци.

Според италијанските медиуми, релативно новиот кратер на југоисточната падина на вулканот исфрлил „спорадични рафали“ од лава и пепел.

Меѓународниот аеродром Катанија, што се наоѓа на 60 километри јужно од вулканот, се уште е отворен за воздушен сообраќај. Одлуката дали ќе биде затворен ќе ја донесе кризниот штаб, кој вечерва заседава.

Медиумите на Апенинскиот полуостров забележуваат дека аеродромот во Катанија досега главно бил затворан за време на ерупциите слични на денешните, бидејќи пепелта знаела да покрие поголем дел од градот.