Премиерот Зоран Заев, од денеска, според најавите од Влада заминува на одмор.
Прво ќе летува во Охрид, а потоа заминува во Грција. Христијан Мицкоски по вчерашниот ден кога го прослави Илинден, исто така, заминува на одмор. Тој ќе биде една недела во Хрватска.
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска веќе е на годишен одмор од 25 јули до 5 август во Скандинавија. Во овој период одмори најавија и вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи. Тие ќе летуваат во Грција и Албанија.