Магазин 14. мај 2019. / 21:07

Хакерски напад врз Вацап – еве како да се заштитите

Хакерски напад врз Вацап – еве како да се заштитите

Компанијата Вацап соопшти дека случајот со хакерскиот напад врз апликацијата ќе го препушти на американското министерство за правда.

Оваа популарна апликација ја користат околу милијарда и пол луѓе, а компанијата се гордее со нејзината безбедност, соопшти Ројтерс.

Сепак портпаролот на компанијата изјави дека нападот бил многу комплициран.

Фејсбук, која е сопственик на Вацап, денеска ги предупреди корисниците дека треба да ја надоградат последната верзија на оваа популарна апликација, поради што постои можност без сопствено знаење да имаат шпиунски софтвер инсталиран во телефонот.

Според експертите единствена обрана од овој напад е апликацијата воопшто да не е инстаилрана во телефонот.