Магазин 02. мај 2020. / 10:10

Бугарски фолклорист од 19 век: Македонците ни велат дека се древни, а ние сме биле татари!

Бугарски фолклорист од 19 век: Македонците ни велат дека се древни, а ние сме биле татари!

По скандалозната изјава на поранешниот југословенски комунист Денко Малески, дека Македонците и Бугарите некогаш биле еден народ, жестока дебата се одвива во двете земји.

Но, се чини, изјавата на Малески подоцна поткрепена од неколку левичарски интелектуалци во земјава е спротивна на фактите кои ги презентираат дури и бугарските историчари.

Петко Славејков е еден од најпознатите бугарски фолклористи во историјата. Роден е во 1827 година, а починал во 1895 година.

Тој доаѓал во Македонија да собира фолклор и народно творештво како дел од бугарскиот фолклор, но како што и самиот пишува народот овде му одговарал дека не е бугарски.

-Многу пати сме слушнале од Македонците дека тие не се Бугари туку Македонци, потомци на древните Македонци и секогаш сме чекале на докази на тоа без да ги дочекаме. Македонците никогаш не ни ги покажале основите на таквото мислење. Тие ни се спротивставуваат со изјаснување како Македонци, кое никако не можат да го поткрепат. Сме слушнале и други тврдења. Некои Македонци се делат од нас со причината: Дека биле чисти словени, а Бугарите биле татари или не знам што, пишува Славејков.

Бугарските историчари често велат дека комунистичка Југославија го дебугаризирала населението овде. Но, населението овде на бугарите им ги кажувало истите тези, многу пред појавата на комунизмот.