Хроника 15. јуни 2018. / 14:35

Жена од Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза ” била нападната од својот колега

Жена од Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза ” била нападната од својот колега

Вчера во 14:55 часот во Полициската станица Центар, 33-годишата С.Џ. од Скопје, вработена во Клинички центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, пријавила дека истиот ден околу 12:00 часот во Клиничкиот центар физички била нападната од лицето П.Р., кој исто така е вработен на клиниката.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.