Вчера претпладне во СВР Штип, од Казнено поправната установа Штип било пријавено дека Д.Ч.(42) од Штип, кој бил на издржување на казна затвор, починал.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител. Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итната медицинска помош Штип и телото на починатото лице било предадено за обдукција.