Хроника 26. јануари 2021. / 10:25

Засилена контрола на автопатот Скопје-Тетово – казнети 83 возачи за брзо возење

Засилена контрола на автопатот Скопје-Тетово – казнети 83 возачи за брзо возење

На автопатот Скопје – Тетово полицијата казни неколкумина возачи кои со своите автомобили возеле близу 200 километри на час, односно со 70 километри на час над максимално дозволената брзина.

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера, за време на засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово, казни 83 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.

Двајца возачи возеле дури над 70 километри на час над дозволеното, 27 возачи со над 50 километри на час над дозволеното…

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат да се прилагоди брзината не само според сообраќајните знаци, туку и според зимските услови.