Хроника 01. декември 2019. / 12:55

Возилото користено во нападот во хотелот Александар Палас пронајдено во Арачиново?

Возилото користено во нападот во хотелот Александар Палас пронајдено во Арачиново?

Трагите од престрелката во хотелот „Александар Палас“ што се случи половина час по полноќ водат до Арачиново, дознава Алсат М.

Според извори на телевизијата, во атарот на Арачиново било пронајдено опожарено возило „фолсваген туарег“, во кое имало две автоматски пушки и за кое се претпоставува дека е возилото со кое избегале напаѓачите.