Хроника 07. април 2020. / 11:27

Во штипската болница било донесено починато лице

Во штипската болница било донесено починато лице

Во СВР Штип, вчера утрото од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив било донесено починато лице.

Од увидна екипа од СВР Штип во содејство со ОЈО Штип и Трудов инспектор бил извршeн увид на местото на настанот, при што било утврдено дека околу 07.45 часот Љ.А.(52) од Штип паднал при извршување на работни задачи во каменолом, после што бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде од страна на лекар констатирана била смрт, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.