Хроника 28. март 2019. / 15:19

Во Штип работник тешко повреден во фабрика

Во Штип работник тешко повреден во фабрика

Штипјанецот Е.Н.(64) бил тешко повреден вчера на пладне додека работел во кругот на фабрика во Штип.

Според полицијата, вчера во 13.05 часот во ПС Штип, од штипската болница било пријавено дека кај нив бил донесен Е.Н.(46) од Штип, кој дента во 12.30 часот при работа во кругот на фабрика на улицата Гоце Делчев во Штип се здобил со тешка повреда.