Врз основа на судска наредба, полициски службеници вчера извршиле претрес во хостел во село Никифорово, гостиварско, кде што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки за марихуана и други предмети, информира МВР.
Хостелот под концесија го стопанисувал В.Л.(29) од Скопје. Тој бил присутен, а бил затекнат и неговиот брат И.Л.(32). При претресот И.Л. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.