Хроника 10. октомври 2020. / 16:00

Во Гостивар приведени двајца државјани на Албанија кај кои била пронајдена марихуана

Во Гостивар приведени двајца државјани на Албанија кај кои била пронајдена марихуана

На 09.10.2020 околу 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Г.А.(21) и Ф.Ф.(26), двајцата од Р.Албанија, со привемен престој во Гостивар, затоа што при преглед кај нив и при претрес во домот каде што престојуваат, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.