Хроника 23. јуни 2020. / 09:44

Во државен карантин спроведени 170, за неносење маска казнети 618 лица

Во државен карантин спроведени 170, за неносење маска казнети 618 лица

Полициските службеници досега констатирале вкупно 20.327 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 618 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 187 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 651 лица им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 3 лицa кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 170 лица.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на Фејбук апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.