Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.И.(25) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
На 04.08.2018 година во Делчево на улицата „Кузман Јосифовски-Питу”, од полициски службеници, при претрес во домот биле пронајдени и одземени марихуана и мешавина од тутун и марихуана.