Хроника 30. август 2018. / 14:00

Во дом на 67-годишен жител на велешко Крајници се пронајдени марихуана и канабис сатива

Во дом на 67-годишен жител на велешко Крајници се пронајдени марихуана и канабис сатива

– При претрес на домот и имотот на лицето Т.К.(67) во велешкото село Крајници полицијата вчера пронашла и одземала 130 стебла од растението – канабис сатива и 2,5 килограми марихуана.

Како што информираат од СВР Велес, при претресот се пронајдени четири вреќи полни со растението канабис сатива од кое се произведува опојната дрога – марихуана и педесеттина помали кеси со истото растение во исушена форма со тежина од околу 2,5 килограми. Против 67 годишниот Т.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основен суд – Велес.