Хроника 01. јули 2018. / 19:54

Во Чаир се нападнати полицајци

Вчера во 19 часот и 30 минути по претходна пријава од 49- годишната Н.Џ во Секторот за внатрешни работи Скопје за нарушен јавен ред и мир на улицата „Кипарска“ од страна на нејзиниот брат 41- годишниот Ѓ.Џ на местото на настанот биле упатени двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир.

– Откако дошле Ѓ.Џ. почнал да им упатува пцовки, навреди и закани на полициските службеници и во еден момент физички ги нападнал по што Ѓ.Џ. веднаш бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок- стои во соопштението на МВР.