Видеото од претепувањето на девојка од страна на двајца штипјани што се појави на социјалните мрежи е старо два месеци, вели претепаната девојка за телевизијата Клан.
Таа вели дека била во врска со еден од двајцата насилници, но раскинале.
На татко ми му е лошо откако синоќа го виде видеото на кое ме тепаат со клоци. Тој не заспа и само пуши цигари… Пепи ми се закануваше, јас и тој одамна раскрстивме, ама не сакав да си имам проблеми. Бев лом, ме тепаа со клоци – вели девојката.
Инаку, СВР Штип ги приведе двајцата штипјани кои ја навредувале и претепале девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, при што целиот случај го снимиле на мобилен, а видеото се најде на социјалните мрежи.