Хроника 09. декември 2020. / 08:51

(ВИДЕО) Шестмина осомничени за кражбата на два тона марихуана од магацин во Јосифово

(ВИДЕО) Шестмина осомничени за кражбата на два тона марихуана од магацин во Јосифово

Шест лица се осомничени за кражбата на близу два тона марихуана од складиште на фирма во селото Јосифово, информираше полицискиот портпарол Тони Ангеловски на прес-конференција.

Ангеловски не кажа колкава количина е откриена и запленета во скопско Арачиново и другите локации, каде полицијата врши претреси. Истрагата вели ќе се проширува, а дел од осомничените се приведени.

-МВР во координација со ЈО во текот на вчерашниот и денешниот ден презема низа мерки и активности со цел расчистување на кривично дело- разбојништво, извршено меѓу 3-4 декември во склад на фирма во Јосифово при што се одземени два тони марихуана. Веднаш по добивањето на пријавата преземени се соодветни мерки и активности и по добиени оперативни сознанија извршени се претреси во Арачиново, Горно Мојанци и други локации при што е пронајдена дел од дрогата и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. Досега имаме шест осомничени лица за кои имаме обезбедено докази, но истрагата се проширува и продолжува, се до целосно расчистување на овој случај, рече Ангеловски.