Хроника 20. јули 2020. / 12:31

Уапсени тројца дилери на марихуана

Уапсени тројца дилери на марихуана

На 19.07.2020 во 22.45 часот во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Л.Н.(18) од Скопје, кај кого при извршен преглед била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.07.2020 во 23.15 часот на ул.„Самоилова“ од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Ш.Л.(23) од Скопје, кај кого при извршен преглед била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.07.2020 во 11.25 часот на Средно Водно  од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Р.Џ.(26) од Гостивар, кај кого при извршен преглед била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.