Хроника 20. мај 2019. / 11:39

Уапсени тетовци поради трговија со марихуана

Уапсени тетовци поради трговија со марихуана

Ноќеска, околу 00.10 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, во с.Долно Палчиште, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Љ.(31) од Тетово, во кое бил и Б.Џ.(31) од село Стримница, тетовско.

При нивен и преглед на возилото била пронајдена марихуана. Тие биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.