Хроника 05. февруари 2021. / 10:01

Уапсени татко и ќерка од Битола за поседување на марихуана и на муниција

Уапсени татко и ќерка од Битола за поседување на марихуана и на муниција

На 04.02.2021 во 11.30 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола е лишена од слобода М.З.(24) од Битола.

По претходно издадена судска наредба и при извршен претрес во дом и помошни простории биле пронајдени и одземени марихуана и семки, а од нејзиниот татко Т.З.(48) од Битола при претресот биле одземени 48 парчиња муниција за карабин, информира МВР.