Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против О.А.(35) од Прилеп за сторено кривично дело “лихварство“ и против А.А.(40) од Прилеп за сторено кривично дело “помагање“ а во врска со кривичното дело – “лихварство“. Во период од 2017 година до денот на поднесување на пријавата, пријавениот во повеќе наврати неовластено давал пари со несразмерно висока камата, на начин што усно се договарал или склучувал писмени договори за заем во кои што оштетените биле приморани да го стават под залог својот недвижен имот во корист на второпријавената.
На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 78.000 денари.