Хроника 11. ноември 2018. / 17:54

Уапсен прилепчанец – си произведувал дома марихуана

Уапсен прилепчанец – си произведувал дома марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Г.С.(44) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 09.11.2018 година од страна на полициски службеници по претходна судска наредба при претрес на домот и помошните простории на пријавениот пронајдени биле 491 грама марихуана, семки од канабис и 14 мл. хашиш.

Од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп одредена му е мерка притвор од 30 дена.