Во голема акција на полицијата денеска се запленети над 100 килограми марихуана, дознава порталот Centar.mk.
Според истиот извор, во акцијата било уапсено едно лице, турски државјанин во чие возило марка „Цитроен“ била транспортирана дрогата.
Тој бил уапсен во близина на охридските гробишта.
МВР во текот на утрешниот ден треба да изнесе детали за оваа заплена.