Тетовската полиција бележи пријава за тројца полициски службеници до Секторот за внатрешна контрола поради физички напад.
-Д.С.(20) од Горно Седларце во СВР Тетово пријавил дека во вторникот околу 19 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово физички бил нападнат од тројца полициски службеници на СВР Тетово, кои потоа го внеле во возило и по кусо време му дозволиле да замине,информираат од тетовската полиција.
За настанот е известен Секторот за внатрешна контрола, професионални стандарди и полициски истраги и се работи на расчистување и документирање на случајот,