Хроника 05. октомври 2020. / 17:15

Три дена гори пробиштипската депонија „Озрен“

Три дена гори пробиштипската депонија „Озрен“

Трети ден гори депонијата „Озрен“ во близина на градот Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека пожарникарите, но и голем број на претставници од други фирми се ангажирани на гаснење на пожарот.

-Во локализирање на пожарот вклучени се екипите на ТППЕ Пробиштип, ТППЕ од Свети Николе, Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“, екипи од фирмите „Брег транс“, „Гранит“, „Лекам Пајо“, „ТХ Мининг“, „Мелком“ и „Бравострој“. Повеќе од 30 лица се на теренот, употребени се над 1500 м3 земја, 50 000 л. вода за гасење, со оглед на динамиката во текот на денешниот ден се очекува целосно да се затвори и да се стиши огнот, вели Анастасов.

Ова не е првпат да се пали пробиштипската депонија, надлежните ќе поведат истрага за овој случај. Од депонијата „Озрен“ се издигнува чад, а жителите на околните места чувствуваа и мирис од запалениот отпад.
Анастасов зразува огромна благодарност на сите кои повеќе од 48 часа се на терен и даваат се од себе да се реши оваа состојба