Хроника 22. јуни 2020. / 14:23

Тетовец ги нападнал мајка си, братот и уште двајца од семејството

Тетовец ги нападнал мајка си, братот и уште двајца од семејството

Вчеравечер околу два часот по полноќ, тетовец ги нападнал мајката и братот и уште двајца членово на семејството.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека случајот бил пријавен во полиција од 71-годишна тетовка и нејзиниот 45-годишен син.

Според пријавата, тие двајцата и уште две други лица членови на семејството, физички биле нападнати од 46-годишниот син, односно брат, во заедничкиот двор на нивните куќи.

Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.