Хроника 10. декември 2020. / 13:08

Тешко повреден пешак во Штип

Тешко повреден пешак во Штип

На 09.12.2020 околу 18,30 часот во Штип на крстосница од ул.„Пиринска“ и ул.„Сутјеска“, патничко моторно возило “опел агила“ со штипски регистарски ознаки управувано од И.А.(37) од Штип удрило во пешакот Р.В.(62) од Штип, информира МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Р.В., на која и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип.

За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.