Хроника 20. јануари 2019. / 10:40

Тешка сообраќајка во штипско има и повредени

Тешка сообраќајка во штипско има и повредени

На 19.01.2019 година во 16.45 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, на влез во село Долни Балван, В.Д.(56) од Штип, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со штипски регистарски ознак, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак. Од ударот возачот В.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болнца Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

На 19.01.2019 година околу 19.15 часот на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај село Пеширово, Ј.З.(33) од Свети Николе, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот Т.М.(69) од Свети Николе. Т.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.