Педесет и пет годишна жена вторпат во рок од само една недела е физички нападната од својот сопруг.
Таа во полицијата пријавила дека вчера доцна попладне во семејниот дом во Штип по претходна вербална расправија, била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг К.Б.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека по комплетирање на случајот против лицето К.Б ќе биде поднесена кривична пријава, а жената со повреди завршила во болницата во Штип.