Хроника 02. ноември 2018. / 17:03

Штипјанец под истрага заради продавање марихуана

Штипјанец под истрага заради продавање марихуана

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти Јавното обвинителство, при претрес во домот на осомничениот биле пронајдени околу три килограми наркотична дрога – марихуана, која неовластено ја произведувал и продавал.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.