Хроника 18. октомври 2018. / 22:48

Ранец полн со марихуана пронајден на дрво во тетовско

Ранец полн со марихуана пронајден на дрво во тетовско

Во ранец била пронајдена дрога во тетовско. Според полицијата, дрогата била пронајдена вчера околу 17.30 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Чифлик и Ларце во месноста Воденица.

Полициски службеници пронашле ранец во кој имало четири до пет килограми марихуана. Ранецот бил оставен на гранка од дрво, а марихуаната била спакувана во најлонски кеси.