Хроника 07. март 2019. / 12:00

Пронајдена марихуана во домот на тинејџер од Струмица

Пронајдена марихуана во домот на тинејџер од Струмица

Вчера во периодот од 15.45 до 16.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на лицето Д.Д.Х. (19) од Струмица.

При претресот биле пронајдени и одземени неколку пакувања марихуана.

По целосно документирање на случајот, против Д.Д.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.