Хроника 16. октомври 2019. / 14:56

Пронајдена еден килограм марихуана под облеката на 22-годишник

Пронајдена еден килограм марихуана под облеката на 22-годишник

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 22-годишен скопјанец за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 9 октомври, полициски службеници го забележале обвинетиот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблици и го запреле за да извршат легитимирање. Обвинетиот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес, под тренерката му била пронајдена една кеса со наркотична дрога, марихуана со вкупна нето маса од 1.010 грама. Обвинетиот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба.

Со оглед на тоа што и натаму постојат околностите заради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка.