Хроника 20. јануари 2021. / 10:07

Пронајден човекот кој незаконски помина на патарина, видеото беше објавено на „ТикТок“

Пронајден човекот кој незаконски помина на патарина, видеото беше објавено на „ТикТок“

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (19.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите.