Хроника 15. мај 2018. / 15:32

Пробиштипјанец нападнал колеги во одделението на МО во Пропиштип

Пробиштипјанец нападнал колеги во одделението на МО во Пропиштип

Четириесет и шестгодишен жител на Пробипштип вработен во секторот за туризам и услуги при Министерството за одбрана при МО-Пробиштип вербално и физички нападнал колеги.

Како што соопшти МВР М.И. вчера во 14:50 часот во работната просторија во одделението за одбрана при МО -Пробиштипво во која канцеларија се потпишувал дека се има јавено на работа, почнал да упатува сериозни закани по животот и телото кон присутните вработени , упатувајки и пцовки, а потоа се упатил кон Г.А.(46) од село Злетово и му удрил еден шамар и понатаму продолжувајки со закани кон останатите присутни.

Пријавениот, според МВР, вакви закани кон вработените упатувал повеќе пати.

Со М.И. во моментов се врши разговор , а од МВР работат на целосно комплетирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.