Хроника 04. март 2021. / 10:34

Приведени тројца дилери додека продавале марихуана во Градскиот парк

Приведени тројца дилери додека продавале марихуана во Градскиот парк

На 03.03.2021 во 20.00 часот во Градски парк во Скопје при продажба на марихуана се приведени три лица, улични дилери.

При извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17 годишен малолетник сите од Скопје пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, информира МВР.