Хроника 08. јануари 2021. / 22:37

Приведен еден од насилниците кој се закануваше на патничка во автобус на ЈСП

Приведен еден од насилниците кој се закануваше на патничка во автобус на ЈСП

Полицијата инфомираше вечерва дека едно од двете лица кои беа иницијатори на инцидентот во автобус на ЈСП е приведено.

МВР и натаму трага по вториот учесник во настанот, а полицијата потврди дека работат на брзо расчиствување на случајот.

Двете лица на видеото се слуша како упатуваат смртни закани кон патничка, бидејќи им беше посочено да стават маска.